Дописници МКДОпштински вести

Средба на градоначалникот Смилевски со стопанственици од индустриската зона Визбегово

Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, денеска оствари работна средба со претставници од Здружението на стопанственици на индустриска зона Визбегово, на која било разговарано за можноста за изведба на водоводна мрежа во горниот дел од Индустриската зона – Визбегово.

Скопје, 23 април 2021 (МИА) – Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, денеска оствари работна средба со претставници од Здружението на стопанственици на индустриска зона Визбегово, на која било разговарано за можноста за изведба на водоводна мрежа во горниот дел од Индустриската зона – Визбегово.

На средбата, како што информирата од Општина Бутел, присуствувале и претставници од ЈП Водовод и канализација – Скопје

– Индустриската зона Визбегово е место каде делуваат поголем број компании, чие функционирање е од големо значење на Општина Бутел, како од економски, така и од социјален аспект. Токму затоа и делувавме во подобрувањето на условите во истата, се вели во соопштението до Општина Бутел.

Од Општината, посочуваат дека нивните заложби се насочени кон исполнување на потребите на граѓаните и, кон подобрување и унапредување на инфраструктурата, се со цел подобрување на условите за живот и работа во општината. аа/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close