БизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерЕкономија

Средба на Димковски со малите винари наградени на „БеоВајн“

 Министерот земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска имаше работна средба со здружението „Тиквешки семејни винарии“ кое брои 28 членови. Здружението неодамна учесвуваше на 11. саем за вино „БеоВајн“ што се одржа од 20 до 23 февраури во Белград. На саемот со над 130 изложувачи од 14 земји, учествуваа четири мали винарии од ова здружение. Презентираа осум мостри и за сите осум освоија награди - четири златни, една сребрена и три бронзени.

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Министерот земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска имаше работна средба со здружението „Тиквешки семејни винарии“ кое брои 28 членови. Здружението неодамна учесвуваше на 11. саем за вино „БеоВајн“ што се одржа од 20 до 23 февраури во Белград. На саемот со над 130 изложувачи од 14 земји, учествуваа четири мали винарии од ова здружение. Презентираа осум мостри и за сите осум освоија награди – четири златни, една сребрена и три бронзени.

-Ова е само потврда дека и малите винарии можат да произведат врвен квалиет, а измените на Законот кои ги направи оваа Влада, докажуваат дека сме ја препознале потребата за рамноправно вклучување на малите винарии на пазарот. МЗШВ уште еднаш покажа дека со своите политики го поттикнува развојот на сите земјоделски гранки и креира мерки кои ги опфаќаат сите земјоделци заинтересирани да ја развиваат својата дејност. Очекуваме во следниот период да се интензивира регистарцијата на малите семејни винарии, а успехот на ова здружение нека послужи како поттик за сите останати мали винарии, стои на официјалната фејсбук страница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Информацијата за средбата со претставниците на „Тиквешки семејни винарии“ ја сподели и министерот Димковски на својот фб профил. мч/са/

Back to top button
Close
Close