0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политика

Средба на членовите на ДИК со шефицата на ОБСЕ/ОДИХР Андрикине: ОБСЕ/ОДИХР ќе ги набљудува изборите согласно препораките за заштита од Ковид-19

Претставници на Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР, на чело со Шефот на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, Лаима Андрикине, денеска имаа средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК). Целта на овој состанок бил да се разгледаат сите активности кои ќе бидат преземени од страна на ДИК за да се овозможи фер и демократски процес, како и изборен процес кој ќе ги заштити сите учесници на предвремените избори за пратеници на 15 јули што ќе се одржуваат во специфични околности кои ги предизвика Ковид-19.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Претставници на Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР, на чело со шефот на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, Лаима Андрикине, денеска имаа средба со членовите на Државната изборна комисија (ДИК). Целта на овој состанок бил да се разгледаат сите активности кои ќе бидат преземени од страна на ДИК за да се овозможи фер и демократски процес, како и изборен процес кој ќе ги заштити сите учесници на предвремените избори за пратеници на 15 јули што ќе се одржуваат во специфични околности кои ги предизвика Ковид-19.

-Имајќи го предвид тоа, ДИК истакна дека доследно ќе работи согласно законската рамка, со сите донесени акти од страна на Комисијата, кои ги опфаќаат сите изменувања и дополнувања на Изборниот законик, како и согласно мерките и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и протоколите донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, се наведува во соопштението од ДИК објавено на нивната веб-страна.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски ги информираше претставниците на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, дека е донесен Ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори, како и дека се продолжени активностите за ажурирање на Избирачкиот список. Тој ги информирал преставниците на ОБСЕ/ОДИХР дека гласањето ќе трае три дена, односно започнува на 13 јули 2020 година, кога ќе гласаат лицата во домашен карантин поради позитивен тест на  Ковид-19 и лицата кои со решение издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат кои ќе бидат во домашна самоизолација. За спроведување на гласањето на 13 јули 2020 година, ДИК ќе формира посебни избирачки одбори составени од здравствени работници предложени од Министерството за здравство и лица предложени од политичките партии. На 14 јули 2020 година ќе гласаат болни и немоќни лица, како и хронично болните лица. На 15 јули 2020 година ќе се спроведе гласањето кое ќе трае до 21:00 часот. Лицата кои после 8 јули 2020 година се тестирани и позитивни на Ковид-19 нема да можат да го остварат правото на глас, информирал претседателот на ДИК.

За оваа цел ДИК врши проверка на избирачките места, како би се обезбедиле поголеми простории за денот на гласањето, онаму каде што постои можност, а таму каде што не постои таа можност да се обезбедат услови согласно мерките, препораките и протоколите, за заштита од коронавирусот. Продолжува задолжителната обука на изборната администрација.

На средбата, како што се наведува во соопштението од ДИК, се разговараше и за прашањето за начинот на распределба и користење на финансиските средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, за радиодифузерите, печатените медиуми и електронските поратли односно интернет порталите што ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната капмања.

Претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, укажале дека нивна задача е набљудување на изборите и оти на овие избори ќе работат согласно мерките и препораките за заштита од коронавирусот. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе биде присутна до 27 јули 2020 година кога ќе дадат извештај и следни препораки за понатамошните избори.

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР, укажале дека нивна задача е набљудување на изборите и оти на овие избори ќе работат согласно мерките и препораките за заштита од коронавирусот. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе биде присутна до 27 јули 2020 година кога ќе дадат извештај и следни препораки за понатамошните избори.

-Отворената соработа помеѓу двете страни останува и понатаму. ДИК ги покани претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР да учествуваат во сите активности што Комисијата ќе ги презема, за согласно законите, прописите, протоколите и транспарентноста оваа соработка да обезбеди успешен изборен процес, се посочува во соопштението од ДИК. ев/ац/

 

Back to top button
Close
Close