Политички партии

Средба на Ахмети со постојаната координаторка на ОН во земјава Дуџак

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес оствари средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дуџак.

Скопје, 22 јули 2021

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес оствари средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, г-ѓа Росана Дуџак.

На денешната средба на г. Ахмети со г-ѓа. Росана Дуџак се разменија информации и идеи за тоа како да се продлабочи соработката помеѓу органите на ОН и Република Северна Македонија.

Во оваа прилика, Ахмети ја извести г-ѓа. Дуџак за зелената агенда што веќе ја претстави Демократската Унија за Интеграција, агенда што стана еден од столбовите на неговата партија. Тој исто така и кажа на г-ѓа. Дуџак дека по спроведувањето на големите проекти како што е етничката еднаквост, членството на земјата во НАТО и добивањето на зелено светло што е можно поскоро за започнување на преговорите со ЕУ, го натера ДУИ да работи и силно да се посвети за чиста животна средина и квалитетот на живот.

Претседателот Ахмети и г-ѓа. Дуџак разменија мислења и за статусот на градот Охрид во УНЕСКО. Во оваа прилика, Ахмети и кажа на г-ѓа. Дуџак дека Охридското прашање е најголем приоритет на Република Северна Македонија и дека државата веќе има усвоено ефективни законски решенија со цел да го заштити и механизми за нивно спроведување.

Од нејзина страна, Дуџак ја поздрави добрата соработка меѓу ОН и Република Северна Македонија, истакнувајќи дека земјата, во најважните моменти, покажала коректни односи со сите важни прашања, кои се во фокусот на Европската Унија и на исто време и ОН.

Ахмети и Дуџак разговараа и за следните локални избори и националната стратегија за развој 2021-2041 година.

На крајот на оваа средба, двајцата соговорници се согласија дека агенциите на Обединетите Нации ќе продолжат да соработуваат во сите области во кои можат да помогнат и да се вклучат во решавањето на важните прашања на национално и меѓународно ниво.

Демократска унија за интеграција

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close