0_Македонија.ПорталПолитички партии

Средба на Ахмети со американската амбасадорка Брнс

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г.Али Ахмети, денес оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Кејт Брнс.

Скопје, 21 септември 2020 – 

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г.Али Ахмети, денес
оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски
Држави, г-ѓа Кејт Брнс.

Ахмети и пренесе на амбасадорката Барнс дека успешната соработка со
Соединетите Држави ќе продолжи и во иднина со цел на постигнување на
заедничките цели со Република Северна Македонија.

Во оваа прилика, Ахмети и се заблагодари на амбасадорката Брнс за
медицинската помош што САД и ја доделија на Северна Македонија за да се
справи што е можно полесно со ситуацијата создадена од пандемијата
предизвикана од КОВИД-19.

Лидерот на ДУИ, Ахмети и американската амбасадорка Брнс, исто така
разговараа и за достигнувањата на Република Северна Македонија во
евро-атлантските интеграции, вклучително и договорот со Атина и Софија,
како и патот на земјата кон ЕУ.

Претседателот Ахмети го поздрави и Договорот од Вашингтон меѓу Косово и
Србија, како и заемното признавање меѓу Израел и Косово и дефинирањето
на Хезболах како терористичка организација.

На крајот на овој состанок, амбасадорката Брнс истакна дека Вашингтон ќе
продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во спроведувањето
на важните реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето
на институциите непристрасно и независно.

Демократска Унија за Интеграција

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close