0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Средба на Џафери со германската амбасадорка Холштајн 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Анке Гизеле Холштајн.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Анке Гизеле Холштајн.

Претседателот Џафери Џафери, како што соопшти собраниската прес-служба, изразил благодарност до Сојузна Република Германија и Амбасадата во Скопје за целокупната поддршка и помош на здравствените институции во Република Северна Македонија за справувањето со пандемијата и изразил надеж дека и покрај предизвиците, двете земји ќе продолжат да соработуваат на сите полиња од взаемен интерес, вклучително и на парламентарно ниво.

-Во однос на евроатлантските интеграции, претседателот Џафери нагласи дека земјата како членка на НАТО продолжува со исполнување на обврските од членството и дека со очекуваното започнување на преговорите за членство до крајот на оваа година во рамките на германското претседавање со Советот на ЕУ, државните институции и Собранието ќе имаат клучна улога во спроведувањето на сите реформски процеси. Исто така, заедничкото претседавање со Бугарија во рамките на Берлинскиот процес оваа година отвора можности за унапредување на соработката и за поддршка на евоинтеграциите на земјите од регионот, се вели во соопштението.

Амбасадорката Холштајн му упатила честитки за повторниот избор како претседател на Собранието на Република Северна Македонија како доказ за успешната работа во претходниот мандат, со очекување за продолжување на добрата соработка и во овој парламентарен состав. Таа изразила жалење за одложувањето на ИПС парламентарната стипендија за следната година поради пандемијата, со надеж дека истата непречено ќе продолжи следната година.

Во однос на економската соработка и зголемениот број на квалификувани лица кои заминуваат на работа во Сојузна Република Германија, Амбасадорката Холштајн истакна дека Владата на Република Северна Македонија мора да изнајде модалитети за ангажирање на младите лица во земјата и за спречување на одливот на мозоци во странство, особено по отворањето на преговорите за членство.

-Пристапувањето кон Европската унија е комплексен процес и од тие причини парламентарните партии треба да ги остават партиските интереси и да се обединат околу приоритетните прашања, потенцирала Холштајн. сст/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close