0_Македонија.ПорталПолитика

Средба Мурати – Задорожњук: Продлабочување на билатералните врски со украинскиот Уставен суд

Работата и функционирањето на Уставниот суд, досегашната билатерална соработка со Уставниот суд на Украина и можностите за натамошно продлабочување на соработката помеѓу двата уставни суда, биле теми на разговор на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати со украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук.

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Работата и функционирањето на Уставниот суд, досегашната билатерална соработка со Уставниот суд на Украина и можностите за натамошно продлабочување на соработката помеѓу двата уставни суда, биле теми на разговор на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати со украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук.

Мурати, како што соопшти прес-службата на Уставниот суд, ги презентирал сите преземени активности во насока на целосно остварување на буџетската, функционалната и административната независност на Судот, а со цел реализирање на неговата уставна улога.

На средбата особено важен акцент бил ставен на заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот и потребата од напредување на оваа надлежност на Судот.

Двајцата соговорници изразиле заедничка желба за продлабочување на билатералните врски со Уставниот суд на Украина, коишто би се засновале со потпишување на меморандум за соработка помеѓу двата суда и остварување на билатерална средба.

Од страна на амбасадорката Задорожњук било искажано цврсто уверување и поддршка за остварувањето на планираните заеднички активности. дма/сп/

Back to top button
Close
Close