БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Средба Меркел – Мицотакис во рамките на грчко – германскиот економски форум во Берлин

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, денеска ќе оствари средба во Берлин со канцеларката на Германија Ангела Меркел на маргините на грчко – германскиот економски форум „Vision & Investment Opportunities”, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Атина, 9 март 2020 (МИА) – Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, денеска ќе оствари средба во Берлин со канцеларката на Германија Ангела Меркел на маргините на грчко – германскиот економски форум „Vision & Investment Opportunities”, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис и Меркел, ќе имаат свои обраќања на форумот, а веднаш потоа ќе остварат и средба.

Заедно со грчкиот премиер, на форумот во Берлин ќе учествуваат и министерот за развој, алтернативниот министер за миграција, заменикот МНР за економска дипломатија, заменикот министер под премиерот, како и неколку советници на Мицотакис

Мицотакис, утре од Берлин ќе замине за Виена каде што ќе оствари средба со австрискиот канцелар Себастија Курц. ср/

Back to top button
Close
Close