0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Маричиќ – Брнз: САД се силен сојузник во реформите за владеење на правото и градењето силни и независни институции

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната средба со американската амбасадорка Кејт Брнз истакнал дека очекува силна поддршка од Соединетите Американски Држави во исполнувањето на стратешките приоритети и реформите за владеење на правото, како и продолжување на силното партнерство.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната средба со американската амбасадорка Кејт Брнз истакнал дека очекува силна поддршка од Соединетите Американски Држави во исполнувањето на стратешките приоритети и реформите за владеење на правото, како и продолжување на силното партнерство.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, Маричиќ се заблагодари за досегашната поддршка и потенцирал дека САД се значаен сојузник во процесот на градење силни и независни институции и реформи базирани на принципите на владеење на правото, заштитата на човековите права и борбата против корупцијата.

На средбата Маричиќ ја претстави својата мандатна мисија и потенцираше дека покрај членството на Република Северна Македонија во НАТО и зајакнување на безбедноста на државата, преостанува уште една стратешка определба за исполнување, а тоа е членството во Европската Унија, се наведува во соопштението. ев/скс/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close