0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Средба Димитров – Тимоние: Реафирмирана француска поддршката на членството на земјава во ЕУ

Вице-премиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со амбасадорот на Франција во земјава Кристијан Тимоние, на која беа разгледани повеќе аспекти битни за одржувањето на првата меѓувладина конференција со што и официјално започнуваат пристапните преговори со Европската Унија.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Вице-премиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со амбасадорот на Франција во земјава Кристијан Тимоние, на која беа разгледани повеќе аспекти битни за одржувањето на првата меѓувладина конференција со што и официјално започнуваат пристапните преговори со Европската Унија.

– Кредибилитетот на евроинтегративниот процес несомнено беше зајакнат преку обновениот пристап за кој што Франција, како еден од моторите во Унијата, но и како пријател на Северна Македонија, преку новата методологија ни помага да ги трансформираме реалностите на теренот кон подобро, нагласи Димитров на средбата.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на средбата од француска страна беше реафирмирана поддршката на патот кон остварувањето и на оваа стратешка цел, потенцирајќи дека зајакнатата политичка димензија и предвидливоста на процесот се во интерес на Северна Македонија, регионот, Франција и ЕУ. сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close