0_Македонија.ПорталПолитика

Средба Џафери-Земај: Само со заедничко делување ќе се надмине здравствената криза

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска го прими министерот за здравство на Република Косово, Арменд Земај, каде двајцата заклучија дека само со заедничко и усогласено делување на сите чинители ќе може да се надмине здравствената криза со која се соочува светот.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска го прими министерот за здравство на Република Косово, Арменд Земај, каде двајцата заклучија дека само со заедничко и усогласено делување на сите чинители ќе може да се надмине здравствената криза со која се соочува светот.

Претседателот Џафери на средбата се заложил за преземање чекори за олеснување на движењето на граѓаните од двете земји, почитувајќи го при тоа мислењето на професионалните тела.

Тој истакна дека нашата држава го поздравува потпишувањето на договорот за економска соработка што беше потпишан во Вашингтон меѓу Република Косово и Република Србија.

На средбата, како што соопштија од Собранието, стана збор за заеднички теми и интереси за подобрување на здравствената состојба и меѓусебната професионална комуникација во полза на стабилноста и одржлива состојба, имајќи ја предвид ситуацијата со пандемијата и огромниот удар што го нанесува на здравствените и економските системи на сите држави.

Двајцата соговорници потврдиле дека соработката е на завидно ниво и меѓу двете соседни земји постои успешна билатерална комуникација, доверба и блиски политички односи. Тие оцениле дека и понатака треба да се продолжи со вложување во идната соработка која има силен потенцијал да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија и Република Косово. бт/нд/

Back to top button
Close
Close