0_Спорт.ПорталОстанато

„Сребрените стрели“ остануваат дел од Ф1 и во 2021 година

„Сребрените стрели“, како и конкурентите, сè уште не потпишале договор со „Либерти Медија“, но Волф беше категоричен дека тие ќе бидат дел од Ф1 по крајот на оваа сезона, иако тој не прецизираше што ќе се случи на долг рок.

Бракли, 6 февруари 2020 (МИА) – Мерцедес сигурно ќе остане како тим во Формула 1 во 2021 година. Ова го соопшти тимскиот шеф Тото Волф по гласините дека тимот може да престане да постои и да биде само снабдувач на мотори.

„Сребрените стрели“, како и конкурентите, сè уште не потпишале договор со „Либерти Медија“, но Волф беше категоричен дека тие ќе бидат дел од Ф1 по крајот на оваа сезона, иако тој не прецизираше што ќе се случи на долг рок.

– Мерцедес сигурно ќе се натпреварува и во 2021 година. Сакаме да останеме затоа што Формула 1 е многу важна за нас, рече Волф.

Тој истакна дека компанијата не е целосно задоволна од предусловите на „Либерти Медиа“.

– Основните параметри мора да бидат правилни и токму на тоа треба да работи Формула 1. Сакаме договор што е добро избалансиран и за нас и за помалите тимови, додаде тој.

Мерцедес го брка својот седми последователен дубл во новата сезона, а новиот автомобил ќе биде промовиран следната недела.

Таг
Back to top button
Close
Close