0_Спорт.ПорталКошаркаРезултати

Србија против САД во првото полуфинале на олимпискиот турнир за кошаркарки

Репрезентациите на Србија и на Соединетите Американски Држави ќе играат во првото полуфинале на кошаркарскиот турнир за жени на Олимпијадата во Токио.

Токио, 4 август 2021 (МИА) – Репрезентациите на Србија и на Соединетите Американски Држави ќе играат во првото полуфинале на кошаркарскиот турнир за жени на Олимпијадата во Токио.

Ова е епилогот по првите две четвртфинални средби одиграни изутрина.

Најпрво Србија ја победи Кина со 77:70, а потоа САД со убедливи 79:55 ја совладаа селекцијата на Австралија.

Денес ќе се одиграат и другите две четвртфиналиња:
Јапонија – Белгија и
Шпанија – Франција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close