БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Србија привремено затвори 44 гранични премини поради коронавирусот, меѓу кои и кон РСМакедонија

Поради појава на коронавирусот Србија привремено затвори 44 гранични премини за патен, железнички и речен сообраќај, кон Унгарија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и неколку внатрешни гранични премини.

 

Белград, 12 март 2020 (МИА) Поради појава на коронавирусот Србија привремено затвори 44 гранични премини за патен, железнички и речен сообраќај, кон Унгарија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и неколку внатрешни гранични премини.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, кон Северна Македонија, затворени се граничните премини Прохор Пчински и Голеш – Голема Црцорија, објавено е на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.

Граничните премини кои се затворени кон Бугарија се- Мокрање, Стрезимировци и Рибари.

Кон Унгарија и Романија, за патнички сообраќај затворени се премините Растина, Бајмок, Бачки Виногради, Хоргош 2, Кањижа (речниот), Чала, Рабе, Врбица, Кикинда, Наково, Јаша Томиќ, Калуѓерово, Голубац, Долни Милановац, Текија, Кладово и Ѓердап 2.

Кон Црна Гора затворени се премините – Годово, Врбница и Јабука, кон БиХ – Прибој, Царево поле, Мокра Гора, Сремска Рача, Перучац, Мали Зворник-стариот мост и Јамен – скелскиот транспорт.

Кон Хрватска, затворени се премините: Сот, Љуба, Нештин, Богоево, Апатин, Бездан, Нови Сад (речниот) Беркасово и Вајска – скелскиот премин.

Внатрешни гранични премини кои се привремено затворени се во Белград – речниот граничен премин и воздушниот премин на аеродромот Морава (Краљево) и Вршац. об/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close