БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Србија- Почнува исплата на девизни заштеди на поранешните штедачи на СФРЈ, врз база на пресудатат од Стразбур

Српското министерството за финансии денеска соопшти дека плаќањето на првата рата на девизните заштеди на поранешните штедачи на СФРЈугославија ќе започне на 28 февруари, а со оваа постапка Србија ја исполнува својата меѓународна обврска за исплаќање на девизните заштеди во согласност со пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Белград, 26 февруари 2020 (МИА) Српското министерството за финансии денеска соопшти дека плаќањето на првата рата на девизните заштеди на поранешните штедачи на СФРЈугославија ќе започне на 28 февруари, а со оваа постапка Србија ја исполнува својата меѓународна обврска за исплаќање на девизните заштеди во согласност со пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во соопштението се вели дека Србија, за потребите на оваа правна трансакција, „издала обврзници во висина од 87 милиони евра, кои денес се запишани на сметките на штедачите на кои им е утврдено правото на исплата, додека за исплата на првата рата вкупно се издвоени 10,89 милиони евра“.

-Исплатата на девизната заштеда се врши врз основа на Законот за регулирање на јавниот долг на Република Србија, врз основа на неисплатена девизна заштеда на граѓаните депонирани во банки чие седиште е на територијата на Србија и нивните филијали на териториите на поранешните републики на СФРЈ. Исплатата ќе се изврши во осум еднакви полугодишни рати почнувајќи од 28 февруари, кога доспева првата рата, заклучно со 31 август 2023 година, кога доспева осмата и последната рата, соопштија од Министерството за финансии.

Штедачите оваа година ќе добијат уште една рата на 31 август.

Износот од 87,1 милиони евра вклучува повеќе од 6.400 штедачи за кои е утврдено дека имаат право на исплата на заштедата. об/

Back to top button
Close
Close