БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Србија отвори камп за карантин на српски државјани кои се враќаат од странство

Во Моровиќ, во близина на Шид, денеска е отворен шаторски камп за сместување на државјаните на Република Србија кои се враќаат од странство, а кои немаат регистрирано место на живеење на територијата на Србија, како и за сите други патници за кои лекарите на границите ќе оценат дека преставуваат ризик по здравјето, соопшти српското Министерството за одбрана.

Белград, 19 март 2020 (МИА) – Во Моровиќ, во близина на Шид, денеска е отворен шаторски камп за сместување на државјаните на Република Србија кои се враќаат од странство, а кои немаат регистрирано место на живеење на територијата на Србија, како и за сите други патници за кои лекарите на границите ќе оценат дека преставуваат ризик по здравјето, соопшти српското Министерството за одбрана.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Министерството за одбрана заедно со Министерството за внатрешни работи и релевантните санитарни служби ќе утврдуваат кој се ќе влезе во кампот, според проценките на лекарите.

Воената установа Моровиќ, Шид и Миратовачко Поле – се трите локации кои се одредени за сместување во карантин, каде ќе бидат испратени српските граѓани кои живеат и работат во странство, а кои доаѓаат од најризичните земји – Италија, Швајцарија, Шпанија и Австрија.

Српската Влада усвои таков заклучок на својата седница на 17 март, како дел од мерките насочени кон спречување на ширење на коронавирусот. Истовремено, Министерството за здравство нареди контроли и здравствени предупредувања за сите патници на граничните премини во Србија, како и назначување референтна лабораторија за идентификација и валидација на САРС-КоВ-2. На сите државјани кои доаѓаат од земји кои не се на списокот на оние со најголем ризик од коронавирусот одредена им е домашна изолација најмалку од 14 дена.

Во моментот, надлежните државни органи во Србија ја разгледуваат можноста за воведување на времена забрана за доаѓање на српските иселеници во земјата. Се бара механизам како тоа да се стави во сила, истовремено почитувајќи ги сите уставни одредби, бидејќи главна цел е да се заштити населението во Србија и да се спречат какви било ризични контакти.

Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ за ТВ Прва изјави дека за четири дена во Србија се влезени над 70.000 лица, на кои им се одредува санитарна мерка и тие ќе треба да останат во самоизолација или карантин.

– На околу 25.000 луѓе одредена им е мерка за самоизолација и сите оние кои ја нарушуваат ќе бидат санкционирани, кажа Стефановиќ, додавајќи дека во последните 12 часа се поднесени 87 кривични и прекршочни пријави, вклучително и на некои познати спортисти. об/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close