БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Србија: Нови 207 заразени случаи со Ковид-19 и петмина починати, се намалуваат рестриктивните мерки

Во Србија досега се евидентирани 7.403 заразени лица со коронавирус, 144 починати и 1.094 оздравени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

Белград, 24 април 2020 (МИА) – Во Србија досега се евидентирани 7.403 заразени лица со коронавирус, 144 починати и 1.094 оздравени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 3.563 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот за прват изнесува пет отсто, односно 207 нови заразени лица, изјави на владината прес-конференција заменик директорката на Институтот „Батут“, епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Вкупниот број тестирни лица заклучно со денеска во Србија изнесува 54.887 лица, а досега се излекувани 1.094 пациенти.

– Во Ковид болниците и привремените центри хоспитализирани се 3.164 лица, од кои бројот на пациенти со влошена клиничка слика кои се ставени на респиратори изнесува 95 лица, соопшти Кисиќ Тепавчевиќ, додавајќи дека Србија поседува над 400 респиратори.

Во изминатите 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи, двајца мажи и три жени, со што вкупниот број на починати достигна 144 лица, со вкупна смртност од 1,92 отсто.

Во Србија вкупно 622 здравствени работника се позитивни на вирусот, со што, според епидемиологот, во однос на вкупниот број заразени изнесува под осум отсто и претставува ралативно мал број на заболени во однос на другите земји.

– Во вкупно 31 установа за социјална заштита, евидентирани се 534 заболени од вирусот и 131 вработено лице, и за жал епидемијата се прошири и во Герантолошкиот центар во Крушевац (24 штитеници и 13 вработени), поради недозволената посета на старите лица, што морало да се спречи, нагласи Кисиќ Тепавчевиќ.

Како што најави шефот на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, епидемиологот Предраг Кон, со одлука на српската Влада во сила е забраната за движење за време на викендот од петок во 18 до понеделник во пет часот наутро, а од понеделник продолжува ублажување на мерките.

– Лицата повозрасни од 65 години од следната недела наместо половина час ќе имаат еден час за прошетка, кој ќе можат да го искористат во периодот од 18 до еден часот во вторник, петок и недела, а ќе биде дозволена работата на пазарите во затворен простор, фризерските и козметичките салони, фитнес цетрите и теретаните, со задолжителни заштитни мерки и дезинфекција, кои ќе работата преку закажување на термини, соопшти Кон. об/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close