Дописници МКДМКДОпштински вести

Спроведен за издржување затворска казна за убиство 47-годишник од тетовско Гајре

Тетовската полиција го приведе и спроведе во затвор за издржување на четиригодишна казна, 47 годишниот Л. Д. од селото Гајре.  Тој бил приведен околу 12 часот и 45 минути на улицата „Вонвардарска“.

Тетово, 4 февруари 2021 (МИА) – Тетовската полиција го приведе и спроведе во затвор за издржување на четиригодишна казна, 47 годишниот Л. Д. од селото Гајре.  Тој бил приведен околу 12 часот и 45 минути на улицата „Вонвардарска“.

-Со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Л. Д. (47) од тетовско Гајре, осуден на 4-годишна затворска казна за сторено кривично дело „убиство“, кој издржувал мерка куќен притвор. Спроведен е во Казнено-поправната установа “Затвор Тетово” за издржување на затворската казна, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Лицето е осудено за убиство случено пред нецели три години пред угостителски објект во близина на болницата во Тетово. ас/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close