Дописници МКДОпштествоХроникаХроника.Портал

Спроведен во затвор неготинецот кој беше приведен поради повеќе кривични дела

Неготинецот кој завчера бил приведен и задржан во полиција поради повеќе кривични дела, а по него биле распишани и потерници, вчера по наредба од Основен  суд Неготино, полициски службеници го спровеле  до Казнено поправната установа затвор Гевгелија.

Неготино, 26 јануари 2020 (МИА) – Неготинецот кој завчера бил приведен и задржан во полиција поради повеќе кривични дела, а по него биле распишани и потерници, вчера по наредба од Основен  суд Неготино, полициски службеници го спровеле  до Казнено поправната установа затвор Гевгелија.

Оваа информација денеска за МИА ја потврдија од МВР.

-Неготинецот Д.К. на возраст од 32 години, бил приведен и задржан  поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела, распишани  потерници и објави, соопштија  од МВР за МИА.

Со случајот бил запознат и  јавен обвинител. свд/вј/

Back to top button
Close
Close