Дописници МКДОпштински вести

Спречена опасноста огнената стихија да го зафати пехчевски Црник

Мештаните на селото Црник по денешната битка со огнот заедно со екипи на ТППЕ, успеаја да го спречат пожарот на месноста Шишорката, што се закануваше да се прошири и кон селото. Според информациите од таму, сега нема закани од огнената стихија да го зафати селото.

Пехчево, 5 август 2021 (МИА) – Мештаните на селото Црник по денешната битка со огнот заедно со екипи на ТППЕ, успеаја да го спречат пожарот на месноста Шишорката, што се закануваше да се прошири и кон селото. Според информациите од таму, сега нема закани од огнената стихија да го зафати селото.

Според последните информации од терен, пожарот е локализиран на уште неколку места во пехчевско. Се уште гори над Робово, а според информациите на екипи на пожарникари од Бугарија, Словенија и од наша страна, пожарникарите се распоредени скоро на сите предели, при што огнената стихија значително е стишена, но не и ликвидирана.

Патниот правец Пехчево-Делчево денеска беше забранет за сообраќај, но во моментот е прооден. вс/мч/

Back to top button
Close
Close