0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Спречена кражба на музички инструменти во Берово

Спречена кражба на музички инструменти во Берово. Настанот синоќа го потврди виртуозот Горан Алачки кој во изминатите неколку дена престојува во родниот крај.

Берово, 17 август 2020 (МИА) – Спречена кражба на музички инструменти во Берово. Настанот синоќа го потврди виртуозот Горан Алачки кој во изминатите неколку дена престојува во родниот крај.

-Вечерва имаше обид за кражба на музички инструменти во село Владимирово. За среќа со интервенција на полицијата кражбата е спречена, истакна Алачки. Повеќе детали за  кражбата полицијата најави во текот на денов.
Жителите велат дека во изминатите 15 години немало вакви случаи во селото, но во последниот период се појавуваат.
-За жал, пред неколку месеци беа украдени и пари наменети за опожарената црква „Св.Спас“ во Владимирово, а сега и ова, велат жители на Владимирово. вс/хс/

Back to top button
Close
Close