0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Спортската сала во Крушево ќе добие современ систем на греење и на ладење

Спортската сала во Крушево ќе добие современо, економично и загревање, кое нема да биде штетно по животната средина.

Крушево, 31 јануари 2020 (МИА) – Спортската сала во Крушево ќе добие современо, економично и загревање, кое нема да биде штетно по животната средина.

Крушевската локална самоуправа објави тендер за изработка на основен проект за згревање и за ладење на спортската со употреба на топлински пумпи.

Како што објаснуваат од крушевскаталокална самоуправа, проектот ќе опфаќа модерни технологии кои загревањето ќе го направат економично и одржливо. Целосната изведба на системот ќе биде финансирана од  „Проектот за локална и регионална конкурентност“ преку ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од канцелариите на проектот и на вице-премиерот за економски прашања во Владата и од општината Крушево.

Спортската сала е целосно реконструирана. По инсталирањето на системот за загревање и ладење, ќе биде целосно оспособена за користење. ем/сст/

Back to top button
Close
Close