Дописници МКДОпштински вести

Спортистите задоволни од ваучерскиот систем, бараат зголемување на спортските капацитети

Претставници на спортски клубови од Струмица, кои се натпреваруваат во различни спортови и степени на натпреварување, искажаа задоволство од владината и општинската поддршка во областа на спортот, а потенцираа дека е потребно и зголемување на спортските капацитети.

Струмица, 11 март 2020 (МИА) – Претставници на спортски клубови од Струмица, кои се натпреваруваат во различни спортови и степени на натпреварување, искажаа задоволство од владината и општинската поддршка во областа на спортот, а потенцираа дека е потребно и зголемување на спортските капацитети.

Ова беше истакнато на денешната работна средба на спортистите со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, претседателот на Советот на општината, Марјан Даскаловски и со советниците за спорт на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ѓорги Тасев и Даниел Димевски.

На средбата беше подвлечено дека финансирањето на клубовите преку спортските ваучери дава резултати и за таа намена клубовите имаат на располагање 10 милиони евра.

Со ваучерите, компаниите-спонзори на спортските клубови, дел од својата обврска за данокот на добивка наместо да ја платат на државата имаат можност да ја вложат во спортски клуб или спортист, кои имаат добиено ваучер од Агенцијата за млади и спорт. рт/вј/

Back to top button
Close
Close