СветСвет.Портал

Споменик на Теодор Рузвелт во Њујорк ќе биде отстранет

Американскиот природонаучен музеј Њујорк ќе ја отстрани од пред влезот статуата на Теодор Рузвелт, по забелешките што беа дадени низ годините заради симболизирање колонијализам и расната дискриминација, објави градоначалникот Бил де Блазио.

Њујорк, 22 јуни 2020 (МИА) –   Американскиот природонаучен музеј Њујорк ќе ја отстрани од пред влезот статуата на Теодор Рузвелт, по забелешките што беа дадени низ годините заради симболизирање   колонијализам и расната дискриминација, објави градоначалникот Бил де Блазио.

Бронзената статуа која се наоѓа на западниот влез во Музејот во Централ Парк од 1940 година го прикажува Рузвелт на коњ, а до него стојат американски староселедец и Африканец. Рузвелт е 26 американски претседател.

– Музејот бараше отстранување на статуата, бидејќи таа експлицитно го покажува обоеното и домородното население како потчинето и расно инфериорно, објасни Де Блазио.

Тој додаде дека Њујорк го поддржува барањето на музејот и декае „правилна одлуката и вистинско време да се отстрани проблематичната статуа“. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close