0_МИА Истражува.ПорталДописници МКДСторија

Спој на традицијата и современото до креации амигуруми

Неодоливите меки играчки плетени во јапонската техника амигуруми ( Amigurumi) стануваат се побарани и во Куманово. Педесет и четиригодишната Соња Михајловиќ од кумановското село Љубодраг веќе извесен период ја усовршува оваа техника на плетење. Меките зајачиња, мечиња, куклички најчесто се барани од родителите на малите деца. Техниката бара многу трпение кое не и недостасува на вљубеничката во плетењето. За изработката на овие меки кукли инспирација наоѓа од секојдневието, од интернет и различните веб-страници наменети за оваа техника. Најчесто користи волна и памук, што според Михајловиќ се најсоодветни материјали за децата. Овие природни материјали се меки и нежни на допир, дечињата обожаваат да ги држат во рацете. Можат да се плетат и со мерицлизиран конец, кој исто така е квалитетен. Материјалите за изработка можат лесно да се најдат и многу значајно е што се еколошки. Изработките лесно се одржуваат може да се перат рачно и машински.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.

Даниела Димовска 075 284 502
Јованка Јанковска 075 280 297
Вида Димова 075 284 506
Back to top button
Close
Close