Граѓански сектор

СПМ: Се врши обид за згаснување на Синдикатот

Синдикатот на полицијата во Македонија денеска обвини дека во Министерството за внатрешни работи било донесено незаконско известување со кое се забранува запирање на синдикална членарина за членовите на Синдикат и оти со тоа, како што велат, се прави обид за негово згаснување.

Скопје, 12 септември 2020 (МИА) – Синдикатот на полицијата во Македонија денеска обвини дека во Министерството за внатрешни работи било донесено незаконско известување со кое се забранува запирање на синдикална членарина за членовите на Синдикат и оти со тоа, како што велат, се прави обид за негово згаснување.
Од Синдикатот прашуваат зошто и од кои причини е укината членарината на СПМ и дали тоа не значи вовед во тоталитарен режим на владеење.
Според Синдикатот, полицијата е образот на една држава, а за да се врати достоинството, МВР треба да отпочне процес во кој полициските службеници кои професионално си ја вршат задачата ќе бидат третирани како професионалци. Време е, наведуваат од СПМ, политичките влијанија во МВР да сопрат, време е секој во МВР да си го пронајде своето место, таму каде што заслужува.
СПМ денеска ги повика сите надлежни институции во земјава да преземат мерки и, како што велат, да се исправи неправда која е извршена со цел згаснување на синдикалното движење во државата. бт/сст/

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close