0_Спорт.ПорталФОТО ЗА ПРЕВЕДУВАЧИФудбал

Спикерот на Порто, кој го нарече Роналдо свиња, казнет со 1.430 евра

Вработениот во Порто, Фернандо Саул, кој го навреди напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо и неговото семејство по натпреварите во осминафиналето од Лигата на шампионите, заработи парична казна.

Лисабон, 30 јули 2021 (МИА) – Вработениот во Порто, Фернандо Саул, кој го навреди напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо и неговото семејство по натпреварите во осминафиналето од Лигата на шампионите, заработи парична казна.

Португалската фудбалска федерација го санкционира најавувачот на стадионот „Драгао“ со 1.430 евра.

За потсетување, по натпреварите со Јувентус (2:1, 2:3) во март годинава, Саул на Инстаграм напиша:

„Се одмаздивме на италијанските крадци, се одмаздивме на свињата Роналдо за она што го направи во Драгао. Со нетрпение очекувам видео од штрбавата Долорес (мајката на Роналдо) и нејзиното семејство.

За навредите упатени кон Роналдо и неговото семејство, и клубот Порто веднаш поведе дисциплинска постапка против официјалниот спикер. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close