БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина на средба со Вучиќ

Лајчак пристигнува само еден ден по изборите во Србија, што говори за брзањето на Брисел да го обнови дијалогот и да постигне некаков резултат што ќе оди во корист на ЕУ.

 

Белград, 22 јуни 2020 (МИА) – Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, попладнево доаѓа во Белград на разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ, соопштија од кабинетот на српскиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Лајчак пристигнува само еден ден по изборите во Србија, што говори за брзањето на Брисел да го обнови дијалогот и да постигне некаков резултат што ќе оди во корист на ЕУ.

– Мојот мандат е многу јасен, да помогнам во постигнување правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, кој ќе ги нормализира односите и ќе ги реши сите проблеми и кој ќе биде прифатлив за земјите од регионот и земјите членки на ЕУ, изјави Лајчак во Приштина, каде што беше минатата недела.

Како што изјави деновиве Вучиќ, понудата на Брисел е Србија да не се противи на влегувањето на Косово во ООН во замена за неизвесното членство на Србија во ЕУ, што според него „не е можно“.

Лајчак најави дека по разговорите во Приштина и Белград, тој ќе ги дефинира прашањата за кои двете страни ќе разговараат, а Вучиќ очекува дека повторно ќе се разговара за техничко-методолошко-формалните предлози и за спроведувањето на веќе потпишаните договори, но не и за некој суштински предлог.

Лајчак доаѓа во преговарачка мисија во Белград во моментот кога американски претставник Ричард Гренел закажа состанок со лидерите на Белград и Приштина во Белата куќа на 27 јуни, а пред него рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белград донесе некои информации, кои Вучиќ, дополнително го загрижија поради притисоците кои Србија може да ги очекува во решавањето на косовскиот проблем.

И Брисел и Вашингтон сакаат резултати и ќе ги користат сите средства на притисок што им стојат на располагање. об/

Back to top button
Close
Close