БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Специјален прашалник за Ковид-19 за сите патници кои го користат бродскиот превоз во Грција

Во рамките на упатствата за превенција и спречување на ширењето на новиот коронавирус, Министерството за поморство и островска политика на Грција, воведе специјални прашалници кои патниците, пополнети треба да ги достават при влегувањето во бродот или траектот, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 20 мај 2020 (МИА) – На седум прашања поврзани со Ковид-19, ќе треба писмено да одговорат сите патници кои во Грција користат бродска линија подолга од половина час.

Во рамките на упатствата за превенција и спречување на ширењето на новиот коронавирус, Министерството за поморство и островска политика на Грција, воведе специјални прашалници кои патниците, пополнети треба да ги достават при влегувањето во бродот или траектот, јави дописничката на МИА од Атина.

Прашањата се однесуваат на изминатите 14 дена, а патниците ќе треба да одговорат дали имаат/имале ненадејни симптоми со температура, кашлање или отежнато дишење; дали имале близок контакт со лице заразено со Ковид-19; дали се грижеле за лице заразено со Ковид-19, дали посетиле или биле на мало растојание со лице заразено со новиот коронавирус; дали патувале (со било кое превозно средство) заедно со лице заразено со Ковид-19; дали живееле во ист дом со заразен и дали работеле на мало растојание или биле во иста средина со лице заразено со Ковид-19.

 

Во прашалникот се заведуваат и личните податоци, а во случај , врз основа на одговорите, да се констатира дека патникот има симптоми или на било каков начин во изминатите две седмици бил во контакт со заразено лице со Ковид-19, тогаш нема да му биде дозволено да се качи на брод.

Бродската компанија, два месеци ќе ги чува прашалниците, согласно предвидените одредби од законот за заштита на лични податоци.

Паралелно, прашалници треба да пополнат и оние кои патуваат со брод на релација Грција –Италија, како и членовите на екипажот.

Прашалниците на англиски и на грчки јазик се достапни во туристичките агенции, во бродските компании како и на сајтот на Министерството за поморство и островска политика на Грција.

Од понеделникот, до 15 јуни во сила се посебни превентивни мерки за бродовите во Грција. Засега дозволено е само патување на островот Крит, а од понеделник се очекува да се укине забраната за патување на сите острови. ср/

Back to top button
Close
Close