0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Спасовски: Засега не се размислува за одложување на изборите

Премиерот Оливер Спасовски по денешната средба со лидерите на поголемите парламентарни партии во врска со состојбата со коронавирусот, истакна дека не разговарале за можно одложување на изборите, бидејќи процениле дека сега нема потреба да се носат такви одлуки.

Скопје, 12  март 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски, по денешната средба со лидерите на поголемите парламентарни партии во врска со состојбата со коронавирусот, истакна дека на неа не разговарале за можно одложување на изборите, бидејќи процениле дека сега нема потреба да се носат такви одлуки.

– Во овој момент не разговаравме, бидејќи цениме дека нема потреба сега да носиме такви одлуки. Разговаравме за мерките, за тоа што треба да се преземе, за одговорноста и се договоривме дека за секоја нова состојба што ќе ја имаме, ќе седнеме ќе разговараме за се што ни претстои, рече Спасовски во изјавата по средбата.

Сега за сега, додаде тој, важно е да се усогласи кампањата со мерките на Владата, заради тоа што, како што рече, сите треба да се однесуваме одговорно и да знаеме дека добивањето ситни политички поени и партиски интереси нема да придонесат за здравјето на граѓаните.

Спасовски најави дека Кризниот штаб, преку мејл на дневна основа ќе ги информира политичките партии за да имаат информации и да ги планираат активностите.

Тој појасни дека на средбата биле отворени можни аспекти кои можат да бидат последица од оваа состојба во државата.

Здравјето и животот на граѓаните се пред се и над се, но исто така, рече Спасовски, мора да водиме грижа и за економијата која мора да функционира.

– Во 16 часот средба на економскиот тим во Владата и со Стопанските комори за да ги разгледаме предлозите што ги имаме ние и кои врз основа на импликациите што се поврзани во однос на овие мерки че бидат воведувани ако за тоа има потреба, рече Спасовски.

Тој рече дека засега Буџетот е ликвиден и не мора да се размислува за евентуален ребаланс за кој би било потребно свикување на Парламентот, кој поради изборите веќе е распуштен. Ние, рече, во Устав и закони имаме предвидено кога може да се свика Парламентот, но засега немаме потреба имаме ликвиден буџет и има стабилна фискална политика.

Според Спасовски, кај граѓаните не треба да се јавува страв затоа што стоковите резерви се содветно пополнети како што е законската обврска. Нема потреба, вели Спасовски, ниту да се преплават маркетите за купување намирници.

– Стоковите резерви се соодветно пополнети, тоа што е законска обврска, можност и апсолутно тука граѓаните не треба да имаат никаков страв. Упатувам апел дека одговорно однесување значи и  дека не треба да не ги преплавиме сите маркети и да бараме намирници од утре да купуваме заради тоа што нема навистина потреба од такво нешто. Едноставно, нормално, без никава паника да реагираме на содветен начин, рече Спасовски.

Тој најави дека на координацијата на економските ресори во Владата ќе се разговара за економските мерки што се предвидени за делот на стопанските капацитети за евентуална помош на економијата таму каде што е потребно. Такви мерки, повтори, засега нема потреба да се пласираат заради тоа што државата се уште е во зелена фаза и фискалните импликации не се такви за да преземее некакви драстични мерки. Но, истакна, подготвени сме со конкретни мерки доколку тоа се случи, како, и на кој начин, да реагираме. сст/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close