0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Спасовски во видеоразговор со Трудо: КОВИД-19 е глобален предизвик и потребни се глобални одговори

Премиерот Оливер Спасовски денеска преку конференциска видеоврска имал разговор со премиерот на Канада, Џастин Трудо, при што двајцата се согласиле дека КОВИД-19 е глобален предизвик и дека е потребен глобален одговор до кој треба да се стигне низ поблиска соработка преку мултилатералните институции.

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска преку конференциска видеоврска имал разговор со премиерот на Канада, Џастин Трудо, при што двајцата се согласиле дека КОВИД-19 е глобален предизвик и дека е потребен глобален одговор до кој треба да се стигне низ поблиска соработка преку мултилатералните институции.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски во разговорот се заблагодарил за активната улога што Канада ја игра на глобално ниво во справување со КОВИД-19, но и за помошта што ѝ ја даде на нашата држава за надминување со последиците од коронавирусот.
Спасовски ја истакнал одличната и континуирана соработка и партнерство со Канада, и потенцирал дека со нашето членство и сојузништво во НАТО се отвораат дополнителни можностите за соработка за што постои интерес од двете страни.
Премиерот на Канада, Трудо, изразил задоволство од цврстата билатерална и значајна соработка. Истакнал дека се гордее за поддршката што Канада ја изразува за интегрцијата на Северна Македонија во НАТО, и што во иднина двете земји ќе соработуваат поблиску како сојузници.
– Во разговорот Трудо истакна дека Канада продолжува да ги поддржува напорите и аспирации на нашата земја за членство во ЕУ, и упати честитки што Владата на Северна Македонија во изминатите три години успеа да постигне значајни резултати и да надмине големи предизвици за да ги реализира евроатлантските аспирации на државата и на сите нејзини граѓани, се наведува во соопштението на владината прес-служба. бт/са/

Таг
Back to top button
Close
Close