0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитикаХроникаХроника.Портал

Спасовски во посета на местото каде што се случи пожарот во Шуто Оризари (ДПЛ)

Премиерот Оливер Спасовски попладнево заедно со претставници на институциите, беше во посета на местото каде што се случи пожар во семејна куќа во Шуто Оризари, во која загинаа две малолетни деца.

Скопје, 10 јануари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски попладнево заедно со претставници на институциите, беше во посета на местото каде што се случи пожар во семејна куќа во Шуто Оризари, во која загинаа две малолетни деца.

Спасовски изрази сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија.

– Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи. Заедно со претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика излеговме веднаш на терен. Ќе обезбедиме сé што е потребно како првична помош, итно сместување и финансиска помош“, рече премиерот Спасовски за време на посетата на местото на несреќата.

Спасовски најави дека со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ќе разговараат за определување финансиски средства заедно со локалната самоуправа за да се помогне подобрување на инфраструктурата во општината.

– Ќе направиме сѐ што е потребно да обезбедиме првична помош за семејството уште денес, сместување и финансиски средства, а дополнително ќе разговараме за подобрување на инфраструктурата, за во иднина да не ни се случуваат вакви немили настани, напиша на својот фејсбук профил премиерот Спасовски. мс/ев/

Back to top button
Close
Close