0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитика

Спасовски во посета на Манастирот „Св.Наум“ на Шапка во пресрет на големиот празник Божик

Претседателот на техничката влада Оливер Спасосвки денеска престојуваше во посета на манастиорот „Св.Наум“ на Попова Шапка.

Скопје, 5 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на техничката влада Оливер Спасосвки денеска престојуваше во посета на манастиорот „Св.Наум“ на Попова Шапка.

-Секогаш со голема радост го посетувам манастирот на Попова Шапка посветен на Св. Наум Охридски Чудотворец, токму на денешен ден кога граѓаните верници го слават овој голем светец, објави на неговиот фејсбук профил Спасовски.

Манастирот, додава, денеска ширум ги отвори вратите за верниците кои дојдоа да го чествуваат празникот и да учествуваат на литургијата со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф.

-Во пресрет на големиот празник Божик, денот на Христовото раѓање, ова е убав ден и повод да се посветиме на солидарноста инспирирани од големото дело на Св. Наум Охридски Чудотворец кој целиот свој живот го посветил на помагањето на болните, на сиромашните и на изнемоштените, стои на фб профилот на Спасовски. вг/аа/

Back to top button
Close
Close