0_Македонија.ПорталВидео изјаваПолитика

Спасовски во Брисел на средба со лидерите од Западен Балкан и еврокомесарот Вархеји

Премиерот Оливер Спасовски денеска во Брисел учествуваше на работниот ручек што за лидерите на Западен Балкан го приреди еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски денеска во Брисел учествуваше на работниот ручек што за лидерите на Западен Балкан го приреди еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваа и претседателите на владите на Албанија и на Србија Еди Рама и Ана Брнабиќ, стана збор за значењето на прифаќањето за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“ за реконструкција и санација на последиците од земјотресот во Албанија на 26 ноември минатата година, и за солидарноста што ја споделуваат и земјите од Западен Балкан како една од темелните вредности на Европската Унија.
Лидерите на Западен Балкан и еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Оливер Вархеји разговараа и за регионалната соработка како значаен придонес на секоја од земјите од регионот во зајакнувањето на капацитетите за меѓусебна поддршка во остварувањето на стандардите за забрзување на процесите за интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Во таа насока на средбата беше истакнато дека Европската Комисија ја дава целосната поддршка за инцијативата за зајакнување на регионалната соработка, популарно позната како „Мини Шенген“ и беше нагласено дека таа треба да биде максимално инклузивна и да се одвива по европски стандарди.
На работниот ручек што го приреди еврокомесарот Вархеји стана збор и за новата методологија за проширување за која беше речено дека му дава нов квалитет на процесот и дополнителна мотивација за земјите со аспирација да го забрзаат остварувањето на членството во ЕУ, соопшти владината прес-служба. ев/са/

Back to top button
Close
Close