0_Македонија.ПорталПолитика

Спасовски – Тигањ: Силна поддршка од Хрватска за интеграциите во НАТО и ЕУ

Премиерот Оливер Спасовски имаше средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ на која, како што соопшти владината прес-служба, е изразена силна поддршка од Хрватска за реализација на полноправното членство на нашата земја во НАТО и за заслужениот исчекор во европските интеграции.

Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски имаше средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ на која, како што соопшти владината прес-служба, е изразена силна поддршка од Хрватска за реализација на полноправното членство на нашата земја во НАТО и за заслужениот исчекор во европските интеграции.

– Соопштен е јасно ставот на премиерот Пленковиќ и на Република Хрватска, којашто од овој месец го презеде претседавањето со ЕУ, дека Хрватска ќе настојува и за успех на нашата држава во европските интеграции, по затворањето на сите важни и суштински прашања во делот на реформите и добрососедските односи и успехот во НАТО интеграциите. На состанокот е поздравена посветеноста на премиерот Спасовски и на Владата кон реформите, дијалогот, добрососедските односи и во овој клучен период за интеграциските процеси на државата и е изразена надеж дека сите политички субјекти ќе ги имаат во фокус првенствено интересите на државата, соопшти прес-службата.

Заеднички е констатирано дека е добро сите да придонесат во донесување на законот за јавно обвинителство кој мора да обезбеди гаранции за ослободување на обвинителството од политички притисоци и овозможување кривични гонења согласно закон, со што ќе се покаже дека секој во државата е еднаков пред законите.

Премиерот Спасовски се заблагодари на премиерот Пленковиќ и на Република Хрватска за континуираната поддршка на напредокот на нашата држава.

– Цврсто сме определени да даваме натамошни аргументи дека нашето место е во НАТО и во ЕУ. Затоа и јас како премиер и Владата работиме на континуитет на реформските процеси, на дијалогот, на добрите односи меѓу заедниците дома, на добрите односи со соседите и настојуваме ваквиот позитивен пристап на изнаоѓање решенија да го поттикнеме кај сите политички субјекти во државата. Заслужено очекуваме напредок во евроинтеграциите, рече премиерот Спасовски.

На средбата е оценето и дека широката политичка поддршка во Парламентот и за ратификацијата на протоколот за НАТО и за Протоколот за НАТО и за Изборниот законик, кој треба да ги имплементира забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, вклучувајќи ја и можноста за донесување на Законот за јавното обвинителство, како и организирањето и спроведувањето фер избори, ќе бидат дополнителни аргументи за зрелоста на политичките субјекти и за демократските капацитети на државата. хс/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close