0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитика

Спасовски: Проектот за наводнување на јужната долина на Вардар значаен за развој на земјоделството

-Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар е од витално значење за валандовскиот регион. Со реализација на овој проект, земјоделците ќе имаат драстично намалување на трошоците за вода. Ќе се обезбеди навремено и квалитетно наводнување на нови 2.150 хектари земјоделска површина. Тоа се сериозни придобивки ако се знае дека сегашниот систем за наводнување е дотраен, а земјоделците имаат загуби во своето земјоделско производство. Се уверивме дека реализацијата се спроведува според утврдена динамика и до сега оствареното ветува дека проектот ќе биде завршен во мај 2021 година како што беше и планирано, истакна премиерот Спасовски.

Валандово, 20 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска направија увид во градежните работи на втората фаза од проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар.

-Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар е од витално значење за валандовскиот регион. Со реализација на овој проект, земјоделците ќе имаат драстично намалување на трошоците за вода. Ќе се обезбеди навремено и квалитетно наводнување на нови 2.150 хектари земјоделска површина. Тоа се сериозни придобивки ако се знае дека сегашниот систем за наводнување е дотраен, а земјоделците имаат загуби во своето земјоделско производство. Се уверивме дека реализацијата се спроведува според утврдена динамика и до сега оствареното ветува дека проектот ќе биде завршен во мај 2021 година како што беше и планирано, истакна премиерот Спасовски.

Тој потенцира дека водата, како природно национално богатство, е од приоритетно значење за секој од нас. Без правилно управување со водни ресурси, без современи системи за наводнување не може да се говори за развиено земјоделство.

-Затоа, заедно со МЗШВ интензивно се спроведуваат проекти за изградба и реконструкција на современи системи за наводнување. Програмата за наводнување на јужна долина на Вардар втора фаза како капитална инвестиција во земјоделството ќе значаен придонес за создавање на модерно и европско земјоделство. Овој проект е вреден над 24,3 милиони евра. Инвестиција, која го прави македонското земјоделство конкурентно со услови за порентабилно производство за земјоделците, за подобар живот на населението од целиот валандовски регион. Земјоделството е еден од носечките столбови за развој на вкупната економија овде во овој наш југоисточен регион. Владата посветува посебно внимание на политиките кои ги спроведуваме во овој сектор со посебен акцент на развојни мерки и проекти, како и на нови инвестиции кои ќе придонесат кон забрзан раст на оваа стратешка економска гранка во нашата земја, истакна Спасовски.

Премиерот рече дека посетата на регионот ќе ја завршат со увид на градежните работи на три инфраструктурни објекти на локалната патна мрежа кои се дел од програмата на Владата за финансиска поддршка на локалната самоуправа преточени во договори со 80 општини во коишто се реализира над 200 проекти, вредни над 38 милиони евра.

-Ветеното се остварува, договореното се исполнува, тоа го потврдуваат завршните работи на трите проекти за коишто општина Валандово доби финансиска поддршка од Владата, рече Спасовски.

Министерот Димковски истакна дека досегашната успешна реализација на проектот за наводнување на јужновардарската долина на реката Вардар е уште еден показател за заложбата на Владата за капиталните инвестиции во земјоделството.

-Овој проект предвидува рехабилитација и модернизација на инфраструктурата за наводнување на системот за наводнување во Валандово кој се наоѓа на јужниот дел од реката Вардар. Изградбата на овој систем за наводнување се одвива според предвидената динамика. Досега се изградени над 75 проценти од дистрибутивните мрежи, завршени се подготвителните работи на главниот цевковод.

Димковски истакна дека вкупна вредност на проектот е 24,3 милиони евра од кои 30 отсто се обезбедени од буџетот на МЗШВ а останатите 70 проценти се од германската развојна банка во форма на грант и на заем по поволни услови.

-Континуираната реализација на капиталните инвестиции во земјоделството е важна за покренување токму на овој сектор за зголемено и одржливо земјоделство особено во оваа вонредна состојба во којашто се наоѓа нашата држава поради коронавирусот, рече Димковски.

Тој информира дека во завршна фаза се трите инфраструктурни објекти и тоа во населеното место Горна Мала, Удово и селото Бајрамбос.

-Преку овие проекти ќе се обезбеди солидна комунална и патна инфраструктура во и надвор од руралните населени места што ќе придонесе за подобрување на условите за живот на граѓаните, подвлече министерот за земјоделство.

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов потврди дека сите работи на овој проект се изведуваат согласно претходно утврдениот план и пропишан квалитет.

Тој на увидот на улицата која го поврзува населеното место Горна Мала со Јосифово и регионалниот пат Р-1105 потврди дека Јосифово добива комплетно нова улица со тротоарски површини, подобрена инфраструктура и нов урбан простор.

-Ги поврзуваме двете населени места и ја зајакнуваме нераскинливата врска помеѓу граѓаните. Се подобруваат условите за живот овде и значајно се зголемува сообраќајната безбедност, финализираше градоначалникот Костадинов.

ир/им/

 

Таг
Back to top button
Close
Close