0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Спасовски: Пред нас се сериозни избори, избираме сигурна иднина за јавното здравје

Пред нас се многу сериозни избори, на коишто избираме сигурна иднина во интерес на заштитата на јавното здравје, брза развојна економија и европски перспективи. За да ги заштитиме здравјето и егзистенцијата на сите, мораме да продолжиме со нови, реални иницијативи и одговорни политики, по правиот пат, порача носителот на кандидатската листа во Втората изборна единица на коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски.

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – Пред нас се многу сериозни избори, на коишто избираме сигурна иднина во интерес на заштитата на јавното здравје, брза развојна економија и европски перспективи. За да ги заштитиме здравјето и егзистенцијата на сите, мораме да продолжиме со нови, реални иницијативи и одговорни политики, по правиот пат, порача носителот на кандидатската листа во Втората изборна единица на коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски.
Потсети дека претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во Владата блокирала 30 милиони евра од Светска банка кои требало да бидат вложени во здравството и посочи дека СДСМ за три години има обновено 30 јавно-здравствени установи.
– Во ИЕ 2, Куманово доби нов Ургентен центар со можност за опслужување 200.000 пациенти од североисточниот регион на државата, инвестиција од 900.000 евра. Пуштивме во работа нов Ургентен центар во Прилеп, иницијатива што постоеше цели 15 години, Струмица, по 33 години доби нова општа болница, по 50 години, целосно се реновира Институтот за трансфузиона медицина. Ги покачивме платите на лекарите и медицинскиот персонал. И ќе продолжиме со вработувања лекари и медицински сестри во јавното здравство, кое веќе го зајакнавме со 780 лекари и 1.000 медицински сестри, рече Спасовски.
Додаде дека Охрид, Тетово и Струмица добиваат модерни регионални здравствени центри и оти е воведено целосно електронско здавство, без користење хартиени форми на документи.
– Замислете како ќе беше во оваа здравствена криза, да не ги имавме направено вложувањата во здравството, за само три години?! Како ќе беше да не ги имавме помошта и поддршката од нашите НАТО и ЕУ партнери, што ги обновивме во изминатите 3 години?!, рече Сапсовски.
Вети дека државата ќе добие институции со полн капацитет, кои одговорно ќе се грижат за здравјето и егзистенцијата на сите граѓани.
– По НАТО, од вчера испишуваме нова историја кон ЕУ, бидејки ЕК го утврди предлогот за преговарачката рамка за преговори за членство и го достави до државите на Унијата.
Тоа носи развој на сите области – и во здравството, можеме уште повеќе и уште подобро и продолжуваме во сигурна иднина по правиот пат, порача Сапсовски. бак/дма/

Back to top button
Close
Close