0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Спасовски: Повисоки плати и пензии и шанса за сите носи новата македонска развојна економија

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, синоќа имаше средба со жители на општината Ѓорче Петров на којашто беа споделени охрабрувања дека државата е на правиот пат и треба да продолжи да се развива.

Скопје, 5 јули 2020 (МИА) – Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, синоќа имаше средба со жители на општината Ѓорче Петров на којашто беа споделени охрабрувања дека државата е на правиот пат и треба да продолжи да се развива.
Пораките на средбата беа дека  државата е осигурана и македонскиот јазик и идентитет признаени од светот, со што се остварени вековните стремежи и се создадени услови за напредок.
-НАТО членството и интеграциите во ЕУ се придонес на нашите генерации во идентитетското и државното запишување во светската карта на држави и народи. Сега се создадени услови за напредок, тоа е брзата развојна македонска економија за којашто зборуваме, со цел повисоки плати и пензии, нови вработувања, социјална грижа за сите, со цел и да ги мотивираме младите да живеат и создаваат во родната земја, а сите граѓаните тука да ја гледаат својата иднина. Тоа е патриотизам на дело, рече Спасовски на синоќешната средба со граѓани во Ѓорче Петров.  дма/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close