0_Македонија.ПорталПолитика

Спасовски-Пани: Јакнењето на безбедносните институции за спречување и борба против насилниот екстремизам

Јакнењето на безбедносните институции согласно стандардите на ЕУ ќе ја направи нашата земја сигурен и доверлив партнер во спречувањето и борбата против насилниот екстремизам и тероризмот, објави на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски по средбата со полковникот Масимо Пани од Единицата за специјални операции Карабиниери.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Јакнењето на безбедносните институции согласно стандардите на ЕУ ќе ја направи нашата земја сигурен и доверлив партнер во спречувањето и борбата против насилниот екстремизам и тероризмот, објави на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски по средбата со полковникот Масимо Пани од Единицата за специјални операции Карабиниери.

Единицата за специјални операции Карабиниери во земјава го спроведува твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“, поддржан од делегацијата на Европската Унија.

– На средба со полковникот Пани истакнав дека Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи целосно и максимално да ја поддржува оваа активност, за која во претстојниот се очекува да биде усвоен акциски план за надградување на капацитетите на владините институции за ефикасно и ефективно координирање на сите агенции кои работат на полето на спротивставување и спречување на насилен екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам, напиша Спасовски. нд/скс/

 

Back to top button
Close
Close