0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Спасовски: Од утре полициски час – здравјето на граѓаните приоритет

Од утре во земјава се воведува полициски час. Забрането ќе биде движењето на граѓаните од 21 до 06 часот секој ден. Оваа ригорозна мерка се воведува прв пат во земјава, а целта е максимална заштита на населението од коронавирусот.

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Од утре во земјава се воведува полициски час. Забрането ќе биде движењето на граѓаните од 21 до 06 часот секој ден. Оваа ригорозна мерка се воведува прв пат во земјава, а целта е максимална заштита на населението од коронавирусот.

Како што соопшти вечерва премиерот Оливер Спасовски, со полицискиот час нема да бидат опфатени припадниците на МВР, АРМ, противпожарните екипи и лицата од комунална хигиена кои моментно работат во смени.

Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, на лицата во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа. Тие ќе може да бидат придружувани од најмногу две лица. Ако поради итноста на здравстената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравстевната инстуиција преку приложување на медициснката документација по завршување на медицинскиот преглед.

Според Спасовски, за време на полицискиот час ќе се ограничи и бројот на дежурни аптеки во градовите. Во аптека ќе може да одат само лица кои имаат потврда дека претходно биле на лекарски преглед. Ќе се ограничи и бројот на такси возила. Тие ќе може да превезуваат патници исклучиво кон болничка установа или аптека Таксистите притоа, ќе мора да имаат заштитна опрема – маска и ракавици.

За време на полицискиот час ќе биде забрането движење и на возила од јавниот превоз. Дежурни екипи на ЕВН, Водовод и канализација, Телекомуникации служби и Топлификација, пак, ќе смеат да се движат само по претходна најава на 192 (МВР).

Директорите на јавните здравствени установи ќе треба да изготват список на вработени лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење и ќе го дистрибуираат до МВР или друго надлежно Министерство со цел изготвување специјални пропусници и легитимации за рестриктивните часови. Така МВР ќе има комплетен увид за лицата кои се движат.

-Владата ја донесе оваа одлука врз основа на стручно мислење од Комисијата за заразни болести според сознанијата за корона вирусот. Всушност, се налага ваква мерка за да се спречи натамошно ширење на болеста. Веќе ништо не е исто. Животот радикално се промени. Тоа бара радикална промена и на нашето секојдневие. Потребно е секој од нас да се прилагоди на оваа крајно загрижувачка ситуација и максимално одговорно да се однесува. Секој граѓанин и субјект е повикан да биде дел од нашата заедничка битка. Ако сакаме да си ја заштитме нацијата, сите мора да се однесуваме одговорно. Се работи за опстанок на народот и економскиот систем. Затоа, сите да се кренеме на висината на задачата, порача Спасовски, потенцирајќи дека во историјата на нашата земја прв пат се воведува полициски час.

Ппред вонредното обраќање до јавноста, премиерот Спасовски и на својот фејсбук профил соопшти дека од утре се воведува полициски час. мч/мд/

Back to top button
Close
Close