0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политички партии

Спасовски од Старо Нагоричане: Поголема поддршка за земјоделците и руралниот развој

Носителот на листа во ИЕ 2, од коалицијата предводена од СДСМ, Оливер Спасовски, денеска се сретна со жители на општината Старо Нагоричане и најави поддршка за земјоделците и руралниот развој. Спасовски најави годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра, бесплатна зелена нафта и двојно повеќе средства за поврат на персоналецот за земјоделците.

Куманово, 30 јуни 2020 (МИА) – Носителот на листа во ИЕ 2, од коалицијата предводена од СДСМ, Оливер Спасовски, денеска се сретна со жители на општината Старо Нагоричане и најави поддршка за земјоделците и руралниот развој. Спасовски најави годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра, бесплатна зелена нафта и двојно повеќе средства за поврат на персоналецот за земјоделците.

-Голем дел од вас се занимаат овде со земјоделство и да знаете кога велиме нова развојна економија, мислиме и на модерно, европско земјоделство. Ќе има 20-процентно годишно зголемување на поддршката на жени земјоделки. Ќе има бесплатна обука на фармери за поефикасно искористување на ИПАРД средствата. Ова е дел од предивденото за земјоделците во Програмата на СДСМ, рече Спасовски.

Тој нагласи дека модерно земјоделство и нова развоја економија се можни само со сигурна евро-атлантска иднина.

-Од каде пари? Ние ги насочуваме парите кон граѓаните, а режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ ги крадеше за своите џебови и знаете дека ве уценуваа и ви се закануваа за исплата државни пари што ви следуваат. Тие мрачни времиња се минато, посочи Спасовски.

Иднината е сигурна, потенцира Спасовски, земјата  е членка на НАТО, добиена е одлука за почеток на преговорите со ЕУ.  Со отворањето на поглавјата, нагласи, ќе има 2,5 милијарди евра од европските фондови достапни за новата развојна економија, за зелена нафта за земјоделство, за конкурентност, за капитални инвестиции, канализации, патишта, водоводи.

-Нашата држава е најповолна за инвестирање во регионот поради сигурноста што ја обезбедивме и ако на стартот на интеграциите имаме  660 милиони евра странски директни инвестиции, со почетокот на преговорите со ЕУ и со воспоставената функционална правда што ја бараат инвеститорите, со право најавуваме и ќе имаме една милијара едра странски инвестиции до крајот на мандатот, рече Спасовски.

На средбите Спасовски со жителите разговараше за политиките на рамномерен региоионален развој и за развојот на градските и руралните средини.

-Постигнувањата во овој североисточен регион и во реонот на Старо Нагоричане го покажува тоа. Инвестиравме во овие три години како централна власт 1,430 милиони евра за патна инфраструктура, за реконструкција на регионалниот пат Младо  Нагоричане – Пелинце, 820 илјади евра наменивме за регионален водовод за Младо Нагоричане, за којшто се почнати подготвителните активности, рече Спасовски.

Во рамки на рамномерниот регионален развој, додаде, завршени се  десет проекти со вкупна вредност од преку 82 милиона  денари. Проектите кои се завршени или се во фаза на реализација се однесуваат на подобри услови за рурален развој, за развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, за заштита на животната средина, за подоготвителни активности за повеќе локални патни правци.

-Никогаш вака како денес не се вложувало во нашата држава за рамномерен регионален развој, а можеме и уште повеќе и уште подобро, затоа продолжуваме во сигурна иднина и по 15.јули, рече носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на средбите во Старо Нагоричане. ам/вј/

 

Back to top button
Close
Close