0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Спасовски од Куманово: Покажавме дека можеме, не калкулиравме, режимот беше подготвен да убива за да го спречи напредокот, никогаш повеќе режим

Стоевте на страната на правдата, вистината и прогресот. Куманово ја започна битката против фашизмот, за независна Македонија, ја започна и битката против режимот. Пред само три години државата беше на работ на граѓанска војна, само да се спасат криминалците на ВМРО-ДПМНЕ. Посегнаа по највисокиот Законодавен дом – Собранието и сакаа да убијат пратеници за да се спасат. Имавме заробена држава. По само три години власт зборуваме за Македонија 30-та земја членка на НАТО и е пред почеток на преговори со ЕУ, деенска Македнија успешно гради Едно општество со грижа за сите.

Куманово, 12 јули 2020 (МИА) – Стоевте на страната на правдата, вистината и прогресот. Куманово ја започна битката против фашизмот, за независна Македонија, ја започна и битката против режимот. Пред само три години државата беше на работ на граѓанска војна, само да се спасат криминалците на ВМРО-ДПМНЕ. Посегнаа по највисокиот Законодавен дом – Собранието и сакаа да убијат пратеници за да се спасат. Имавме заробена држава. По само три години власт зборуваме за Македонија 30-та земја членка на НАТО и е пред почеток на преговори со ЕУ, деенска Македнија успешно гради Едно општество со грижа за сите.
Ова вечерва од Куманово го порача носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски заедно со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче и кандидатот за пратеник од ИЕ 2 и претседател на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, на завршната граѓанска трбина пред предизборниот молк на полнок, за предвремените парламентарни избори во среда, на 15 јули.
-Не калкулиравме со нашиот рејтинг туку како да направиме напредок за државата. Покажавме дека можеме, но и дека знаеме да реализираме програми. Не сакаме режим и мрачни сили во државата, напредок и прогрес сакаме, истакна Спасовски.
Пред кумановци порача дека следниот чист мандат го посветуваат на економијата.
-Нашата цел е едноцифрена бројка на невработеност, тоа било само во Југославија и ќе биде денес. Денар не беше даден за Куманово за 10-годишниот режим. Успеавме да решиме многу инфраструктутни проблеми, ги рекоструиравме сите патишта во оваа ИЕ 2. Ова е разликата меѓу нас и режимот. Ние градиме. Градиме и пријателства и мостови, градиме и во земјата. Новата програма е поставена на:  нова развојна економија, здравствен систем според потребите на граѓаните, ред, дисциплина и правда, Македонија – еко држава и Ако можевме во НАТО, можеме и во ЕУ, рече Спасовски.
Тој најави до 20.000 минимална плата, до 34.000 просечна плата, 600 милиони евра поддршка за компаниите, една милијарда евра странски инвестиции, повискоки пензии, поголема поддршка за младите, за европски животен стандард, дома. бк/

 

Back to top button
Close
Close