0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Спасовски од култното место Соколана: Ние ја чуваме историјата и на неа ја градиме и сегашноста и иднината, а не како режимот кој за да краде ја злоупотребуваше историја

Објектот познат како „Соколана“, е во владение на општината. После долгогодишното  уништување, овој спортски комплекс ќе биде реконструиран и реновиран, за повторно да ги отвори вратите за нови спортски настани и успеси, порача денеска носителот на листа во ИЕ 2 Оливер Спасовски од коалицијата “Можеме“ од Куманово.

Куманово, 12 јули 2020 (МИА) – Објектот познат како „Соколана“, е во владение на општината. После долгогодишното  уништување, овој спортски комплекс ќе биде реконструиран и реновиран, за повторно да ги отвори вратите за нови спортски настани и успеси, порача денеска носителот на листа во ИЕ 2 Оливер Спасовски од коалицијата “Можеме“ од Куманово.
-Грижата за ова култно место за кумановци од 20-от век, не само за спортски настани туку и за друштвениот живот во градот, покажува дека ние ја чуваме историјата и на неа ја градиме и сегашноста и иднината, а не како режимот кој за да краде ја злоупотребуваше историја и ја поставувавеше во стиропор, додека во своите џебови поставуваа милиони евра народни пари“, истакна Спасовки на попладневната средба со граѓани пред комплексот „Соколана“.
Тој ги потсети кумановци дека СДСМ ги враќаат парите кон граѓаните, но за нивните опоненти рече дека враќаат режим.
-Ние гарантираме сигурност. Тие гарантираат ужас и опасност. Затоа на 15 јули, да си останеме на сигурно и да си продолжиме сигурно по правиот пат. За сигурност, сите да излеземе на гласање и да избереме број 3, повика Спасовски. бк/ац/

 

Back to top button
Close
Close