0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваОпштествоПолитика

Спасовски: Нема штетен отпад увезен во државата

Нема штетен отпад што се увезува во државата. Ова што се случува во Бугарија одблизу го следиме. Излегуваат многу информации. Апелирам да ги проверуваме, посебно кога се работи за сензитивна материја како оваа, за животната средина, изјави денеска рече денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Скопје, 22 јануари 2020 (МИА) – Нема штетен отпад што се увезува во државата. Ова што се случува во Бугарија одблизу го следиме. Излегуваат многу информации. Апелирам да ги проверуваме, посебно кога се работи за сензитивна материја како оваа, за животната средина, изјави денеска рече денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на новата операциска сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Спасовски напомена дека и Јавното обвинителство покрена постапка за испитување на наводите во јавноста за наводно увезување штетен отпад во земјава.

-Од Министерството за животна средина и просторно планирање имаме информација дека увезувањето на отпадот е оној што е дозволен и за кој се поседуваат одредени сертификати, дека нема штетен отпад што се увезува во државата. Добро е што Град Скопје презема чекори за средување на состојбите. Институциите тоа мора да го следат. Мора да ги јакнеме капацитетите во смисла на лаборатории како можност за испитување на сé она што влегува во државата и сите заеднички да направиме сé за да ја подобриме животната средина, истакна премиерот. мч/са/

Posted by MИА.mk on Среда, 22 јануари 2020

 

 

Back to top button
Close
Close