0_Македонија.ПорталВидео изјаваПолитика

Спасовски: Нашите пријатели во Брисел ги делат со нас очекувањата за официјализирање на членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ

Нашите пријатели во Брисел ги делат со нас очекувањата за официјализирање на членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, порача премиерот Оливер Спасовски по завршувањето на дводневната посета на Брисел каде учествуваше на донаторската конференција „Заедно за Албанија“ и  оствари средби со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и со други дипломати од Европа и САД.

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) –  Нашите пријатели во Брисел ги делат со нас очекувањата за официјализирање на членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, порача премиерот Оливер Спасовски по завршувањето на дводневната посета на Брисел каде учествуваше на донаторската конференција „Заедно за Албанија“ и  оствари средби со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и со други дипломати од Европа и САД.

-Сакам да го изразам моето задоволство што имавме можност да оствариме средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Разговаравме за следните чекори, за официјализирањето на членството на Република Северна Македонија во НАТО, како еден од најзначајните чекори за стабилноста на граѓаните од нашата земја, како и за целиот регион, изјави Спасовски во Брисел.

Секако, додаде, оваа посета ја искористивме за да оствариме средба со претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен и со еврокомесарот за проширување Вархеји.

-Разговаравме за европските перспективи на државата, за тоа дека Република Северна Македонија ги оствари сите зацртани планови за нашето започнување на преговорите со ЕУ. Навистина, очекуваме што е можно поскоро Европскиот совет да донесе одлука за отпочнување преговори на Република Северна Македонија за членство во ЕУ, посочи Спасовски.

Една од клучните задачи во Брисел, потенцира, беше да учествуваме и на конференцијата „Заедно за Албанија“ за донации за обнова на земјата после тешкиот земјотрес во оваа земја.

-Тоа покажува дека сме подготвени за регионална соработка, за солидарност, и навистина сме задоволни што можевме да помогнеме и да бидеме дел од оваа донаторска конференција, рече Спасовски. вј/рп/

Back to top button
Close
Close