0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Спасовски на средби со дуќанџии во Автокоманда

Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска имаше средби со дуќанџии во населбата Автокоманда, во скопската општина Гази Баба.

Скопје, 27 јуни 2020 (МИА) – Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска имаше средби со дуќанџии во населбата Автокоманда, во скопската општина Гази Баба.
На средбите се разговараше за преземените мерки за заштита на микро бизнисите во здравствено-економската криза, како и за новите мерки за развој на економијата во Програмата на СДСМ.
– Во Програмата на СДСМ се обврзуваме за брза трансформација на македонската економија. Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти и раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот. Покажавме дека кога има политичка волја, парите се насочуваат кон потребите на граѓаните, кон најзасегнатите, тоа е правично и праведно и така ќе продолжиме да работиме, уште повеќе и подобро, рече Спасовски.
Тој зборуваше и за реализацијата на домашната платежна картичка како мерка којашто им помага на засегнатите категории граѓани, но и ја поттикнува потрошувачката на домашни производи: храна, текстил, домашни услуги. Наменети се 28 милиони евра и граѓаните, како што кажа тој, деновиве ги добиваат платежните картички за купување домашни производи или користење услуги.
-Во програмата се обврзуваме на правичност и силно ќе ги поддржиме домашните микро, малите и средни претпријатија. Важни се изборите на 15 јули за вашата сигурност и за сигурноста на државата, затоа излезете на гласање, да продолжиме по правиот пат“, рече носителот на листа, Спасовски во разговорите со граѓани и дуќанџии во Автокоманда. ев/цр/

Back to top button
Close
Close