Дописници МКДОпштински вести

Спасовски на бадникова прослава во Куманово

Околу 250 деца од Куманово, учествуваа на денешната Бадникова поворка, која почна од Соборниот храм Свети Никола. Децата ги поминаа централните градски улици и ја пееја песната „Вечниот Бог“, носејќи ја пештерата и витеемските ѕвездички, кои самите ги изработија последнава недела. На овој начоин децата симболично го најавија Христовото раѓање.

Куманово, 6 јануари 2019 (МИА) – Околу 250 деца од Куманово, учествуваа на денешната Бадникова поворка, која почна од Соборниот храм Свети Никола. Децата ги поминаа централните градски улици и ја пееја песната „Вечниот Бог“, носејќи ја пештерата и витеемските ѕвездички, кои самите ги изработија последнава недела. На овој начоин децата симболично го најавија Христовото раѓање.

– Целта на здруженито „Бадникови поворки“ е возобновување на древните божиќни песни, се надевам дека нашите анѓелчиња допреа до секој дом и до секое срце, рече Ана Денковиќ Антевска, од здружението.

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска ги пречека дечињата и им посака убави празнични моменти. И тој им даруваше бадникови пакетчиња со овошје и слатки. Димитриевски на граѓаните им го честита празникот и повика на заедништво, почитување, соработка.

-Да ги надминеме сите предизивици, а ние политичарите да работиме повеќе за просперитет за поубава иднина, изјави Димитриевски.

На градскиот плоштад и коледарите  организираа прослава на Бадник, на која присуствуваше и претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски.

– Навистина е добро што овој ден го поминувам во Куманово. Сакам да им честитам на сите среќен Бадник и Божиќ, да имаат многу здравје, лична семејна среќа, духовен мир, сите заедно да направиме се, да се посветиме нашата држава Северна Македонија да напредува, да има развој, младите да ни останат овде, да расте економијата, тоа се моите желби за 2020 година. Драго ми е што по 21-ви пат Здружението на граѓани за зачувување на традицијата Коледари, го организира овој настан на градскиот плоштад во Куманово. Од самиот почеток до ден денеска секогаш сум тука, давам поддршка, затоа што сметам дека традициите, обичаите треба да ги пренесеме на нашите идни генерации да оставиме на нашите поколенија тоа што претставува наша традиција што е кумановски дух, и сметам дека оваа традиција треба да продолжи да се пренесува од колено на колено и сите заедно да го прославуваме Бадник, изјави Спасовски.

Годинава, кумови се моторџиите од мото клубот „Мечки“.

Бадник, денеска заеднички го прославија учениците, родителите и наставниците од различни етнички заедници од средните училишта од Куманово.Учениците во просториите на техничкото училиште „Наце Буѓони“. Заедничкото славење на големиот христијански празник се оддржува низа години наназад во рамки на  проектот „Празниците зближуваат“ кој го реализира отсекот за превенција од  СВР Куманово со поддршка на општина Куманово. ам/цр/

Back to top button
Close
Close