0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Спасовски: Ковид-19 е тука, опасен е, сите да се посветиме да го намалиме бројот на новозаразени

Премиерот Оливер Спасовски вечерва преку објава на Фејсбук одново аплеираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на вирусот Ковид-19 и со тоа да придонесат за намалување на бројот на новозаразени.

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски вечерва преку објава на Фејсбук одново аплеираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на вирусот Ковид-19 и со тоа да придонесат за намалување на бројот на новозаразени.

– Ковид-19 секојдневно одзема животи. Денешниот висок број починати зборува само за едно: вирусот е тука, опасен е, а може да биде и смртоносен. Иако најголем дел од граѓаните се без симптоми, секој од нас може да биде под потенцијален здравствен ризик. Апелирам, силно повикувам да се посветиме сите, преку строго преземање лична заштита да го намалиме бројот на новозаразени, наведува Спасовски.

Тој нагласува дека едноставно е потребен ангажман од секого за да се воспостваи целосна контрола врз епидемијата, бидејќу во спротивно уште долго време ќе се бориме со ризиците.

– Само од нас и од никој друг зависи каков ќе биде исходот од оваа битка. Да ги направиме едноставните и неопходни чекори, без исклучок. Да носиме маски, да избегнуваме поголеми собири, да држиме дистанца и редовно да дезинфицираме. Да го штитиме нашето здравје, а со тоа ќе го заштитиме и јавното здравје, додава премиерот Спасовски во објавата на Фејсбук. сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close