0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Спасовски изрази сочувство за загубените детски животи во несреќата во Романовце

Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце. 

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

– Длабоко сочувствувам со моите сограѓани од Општина Куманово, жители на село Романовце, за трагично загубените животи на три дечиња и посакувам брзо закрепнување на останатите седум повредени, пишува Спасовски на фејсбук.

Експлозијата се случи денеска околу 10 часот во Романовце. Загинаа три деца на возраст од 8, 9 и 11 години. Во несреќата седум лица се здобија со изгореници. Од нив четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници и се на лекување во Скопје. мд/

 

 

Back to top button
Close
Close