0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Спасовски и Заев изразија сочувство за настраданите во земјотресот во Турција

Премиерот Оливер Спасовски изрази сочувство за настраданите во катастрофалниот земјотрес што синоќа ја погоди источна Турција.

Скопје, 25 јануари 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски изрази сочувство за настраданите во катастрофалниот земјотрес, што синоќа ја погоди источна Турција.

-Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме, напиша на Фејсбук, премиерот Спасовски.

Сочувство изрази и доскорашниот премиер и актуелен лидер на СДСМ Зоран Заев.

-Стигаат вознемирувачки вести од iсточна Турција како последица на силниот земјотрес кој се случил вечерва. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и посакуваме колку што е можно помала штета. Нашите мисли вечерва се со турскиот народ, објави Заев на ФБ.

Во земјотресот со магнитуда од 6,8 степени по Рихтер, според последните информации од турските власти, животот го загубија најмалку 19 лица, повеќе од 600 се повредени, а причинета е и голема материјална штета.са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close